На 24 јануари во библиотеката и музеј „Морган“ во Њујорк ќе биде отворена изложбата посветена на култниот роман „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери. Изложбата „Малит принц – њујоршка приказна“ ќе биде составена од 35 акварели и 25 страници од оригиналниот текст на Сант-Егзипери, кој, всушност, има 140 страници. Поставката ќе прикаже и дел од творечкиот процес, страници со пречкртани реченици, како и необјавени авторски цртежи.
Францускиот пистел и пилот Антоан де Сант-Егзипери ја напишал книгата додека живеел во Њујорк и таа е објавена во 1943 година. „Малиот принц“ е објавена на 250 јазици и дијалекти во светот, со што станува една од најчитаните книги на сите времиња.
Изложбата во музејот „Морган“ во Њујорк ќе биде поставена до 27 април 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.