| четврток, 6 декември 2018 |

Богатинов одбра дрес со необичен број „86“ и замина со Стеауа на подготовки во Шпанија

Мартин Богатинов одбра дрес со необичен број за голмани „86“ откако потпиша шестмесечен договор со 24-кратниот романски шампион Стеауа. Ако го потврди квалитетот, 27-годишниот голман од Кратово има можност да остане во Романија уште дополнителни две години.

Стеауа со Богатинов во составот замина на подготовки во Шпанија во Марбелја, а клупски колега ќе му биде Даниел Георгиоевски. Иако се најавуваше дека десниот бек на македонската репрезентација ќе си замине од Стеауа, тој засега останува во редовите на најтрофејниот романски клуб и ќе му биде на располагање на тренерот Регекампф во обидот да се одбрани титулата и да се стигне до 25 шампионски трофеј во домашното првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top