Ако вака продолжи, Арсен Венгер ќе ги разгали навивачите на Арсенал. Откако одвио 50 милиони за Озил минатото лето, Французинот сега подготвува 40 милиони за уште еден Германец.
Во прашање е талентираниот Јулијан Дракслер од Шалке 04. За Дракслер изминатите месеци се интересираа голем број клубови од Премиер-лигата, но, најверојатно, пресудна била желбата на младиот Германец кариерата да ја продолжи во Арсенал.
Доста се говореше за тоа дека Дракслер ќе дојде во Арсенал, клаузулата на неговиот договор изнесува 40 милиони, а Шалке не би го пуштил под таа цена, а судејќи според пишувањето на британските медиуми, сѐ е подготвено за трансферот да се комплетира.
Доколку трансферот се реализира, Арсенал ќе ја зајакне „германската врска“ во своите редови бидејќи тука веќе се Мертезакер, Озил, Подолски и Гнабри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин


