– Одигравме лошо на отворањето на натпреварот. Ги преценивме Ландин и компанијата. Јас играв лошо, не бев на ниво. Се надевам дека ќе се средиме, во вторник концентрацијата ќе биде поинаква и се надевам на подобар натпревар – изјави Филип Миркуловски, плејмејкерот на македонската машка ракометна репрезентациија која беше поразена од Данска со 21-29 во воведниот меч од 1. коло од групата А на Европското првеснтво (ЕП) кое почна во Данска.
Миркуловски постигна скромни два гола и тоа во вторите 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.