| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Да го заборавиме мечот со Данска и да се фокусираме на Чешка

ivica-obrvan-1

Ивица Обрван, селекторот на македонската машка ракометна репрезентација смета дека е важно што поскаро да се заборави поразот од европскиот првак Данска.

– Ова треба да го оставиме зад себе и да се фокусираме на дуелот против Чешка. Не сме разочарани поради поразот бидејќи не е срамота да се загуби од Данска, особено на гостински терен. Мораме да поправиме доста работи, промашивме доста зицери, имавме лоша реализација кога имавме ракометар повеќе на теренот. Имавме можност поразот да биде попристоен, особено бидејќи го имавме одличниот Борко Ристовски на голот – изјави Обрван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top