Ракометарките на македонскиот шампион Вардар го доживеаа првиот пораз оваа сезона во регионалната женска ракометна лига, загубија од Локомотива во Загреб со 25:21.
Со пет гола дадени гола најдобар стрелец во составот на Индира Кастратовиќ, беше Марија Штериова .
Дмитровиќ постигна четири, Ристова, Зебиќ и Црвенкоска по четири, а Фернандез, Кликовац и Лојпур по еден.
Теа Грубишиќ со своите седум погодоци беше најефикасна во редовите на домаќинот кои вчера загубија од истиот противник на истиот терен.
Вардарки со овој меч ја заврши серијата од четири дуели во пет дена на гостински терен, а билансот е две победи, едно реми и овој пораз.
Следен противник на вардарки е црногорскиот претставник Даниловград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.