На нешто повеќе од еден час пред почетокот на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска, на Европското првенство во Данска се полни арената „Јиске банк боксен“ со македонски навивачи.
Во тек е првиот меч од групата помеѓу Австрија и Чешка, а македонските навивачи, „наоружани“ со навивачки реквизити, знамиња, шалови, капи, тапани, спремни го чекаат стартот на мечеот меѓу Кирил Лазаров и другарите и домашните ракометари, актуелени бранители на европската титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.