
Со тапани се загрева атмосферата во Хернинг, Данска, каде што за неколку часа почнува Европското првенство (ЕП) во ракомет.
Македонската машка ракометна репрезентација токму на отворањето на континенталното првенство ќе игра со домаќинот (20,30 часот), а атмосферата во фан-зоната во Хернинг се загрева.

Македонските репрезентативци имаат среќа „фалангата“ да ги следи на сите големи натпреварувања, почнувајќи од Светското првенство во Хрватска пред пет години, кога ракометарите го освоија 11. место. Оттогаш, верните навивачи, оние кои се во можност постојано ги следат Кирил Лазаров и другарите на шампионатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


