Обложувалниците и даваат минимални шанси за победа на Македонија против Данска, вечерва од 20,30 часот на премиерата за нас на Европското ракометно првенство.
Домаќините се фаворити, но коефициентот што за нивна победа се нуди во македонските обложувалници е смешно мал, особено за Европско првенство и изнесува 1,05. Тоа би значело добивка од само 50 денари, на влог од 1.000 денари за триумф на Данците во Хернинг. И популарниот хендикеп на домаќините е висок и е на граница од 8 гола предност за Хансен и соиграчите, а вообичаено се нуди коефициент од 1,85 до 1,90.
Според обложувалниците победа на Македонија би бил вистински подвиг и нудат коефициент 9, што би значело добивка од 9 илјади денари на вложена илјадарка. Веројатно на понудата влијае фактот што Данците се фаворити, играат пред своја публика (веројатно пред 14 илјади гледачи) и имаат одличен скор против нас од 3 победи без пораз на големите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


