Ракометарките на Вардар се елиминирани од рускиот претставник Кубан Краснодар по поразот од 5 разлика, 17-22 во реваншот, нагости. Првиот меч од осминафиналето во Купот на ЕХФ, во Скопје, нашиот претставник го доби со 30-28, но тоа беше недоволно за пласман понатаму.
Во октетот најдобри заслужено се пласира Кубан, благодарение на победата предмалку на свој терен во Краснодар.
Вардар имаше активен резултат на полувремето, негативата за македонскиот претставник беше само 2 гола, 8-10, но вториот дел беше клучен за елиминацијата.
Вардарки во продолжението постигнаа само 9 гола, а примија 12, што значи простување од европската сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.