| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Ивановски со претставниците на синдикатот ги разгледа забелешките на Законот за администрација

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска имаа консултативни средби со претставници на Македонскиот полициски синдикат, Синдикатот на одбраната и безбедноста и со Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва, објави „Курир“.

На средбите, како што се наведува во соопштението од МИОА, се разговараше за предлозите и забелешките кои синдикатите ги доставија до Министерството, по однос на предлог текстовите на Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Синдикалните претставници се интересираа за колективните договори, кои остануваат во сила за вработените во јавниот сектор, потоа за начинот на оценувањето на административните службеници, кој добива поголема објективност во однос на досегашната пракса, како и за други прашања поврзани со предлозите и сугестиите кои ги доставија по однос на предлог-законските решенија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top