| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите ќе летаат од Софија за Данска

makedonija-prv-trening-20-740x445

По пет часа чекање на аеродромот Александар Велики, Македонските ракометари се упатуваат кон Софија, од каде ќе полетаат за  Данска. Поради густата магла која утрово го покри аеродромот нивниот чартер лет закажан за 9 часот беше откажан. Авионот со кој требаше да полетаат слетал во Солун. Иако се надеваа дека ќе се создадат услови тој да пристигне во Скопје, тоа не се случи.

Македонските ракометари ќе пристигнат во Данска многу подоцна од планираното. Веќе утре во 20 часот го имаат првиот натпревар во рамките на Европското првенство во ракомет, кога треба да ги одмерат силите со домаќинот Данска.

Македонската машка ракометна репрезентација се соочи со многу проблеми пред ова првенство. Повредата на Наумче Мојсоски, потоа повредата на Филип Лазаров, за вчера, шестмина ракометари поради стомачен вирус да завршат во болница. Денешното чекање на аеродромот беше само дополнително исцрпување за момците. Да се надеваме дека малерот завршува тука, а среќата не чека во салата на Данска, каде Кире Лазаров и пријателите ќе се обидат да донесат нови радости на љубителите на спортот, но и на сите Македонци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top