Како што јавува интернет порталот мкд.мк, десетина репрезентативци на Македонија завршиле во Болница откако утрово имале лоша реакција по примената инфузија по утринскиот тренинг. Најлошо поминал Велко Марковски кој неможел да се движи без помош. Со потешки симптоми се пожалиле Бранислав Ангеловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Ванчо Димовски. На мачнина се пожалиле и Борко Ристовски и Немања Прибак.
Тие еден саат по примената инфузија добиле симптоми на мачнина, дијареја, дехидрација, премаленост. Во моментов репрезентативците се наоѓаат во болница каде лекарите се обидуваат да ги отстранат тегобите.
Ракометарите утре со чартер лет треба да отпатуваат во Данска каде во недела го играат првиот натпревар против домаќинот на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.