| четврток, 6 декември 2018 |

Митков: Најдобро е да гледаме од натпревар за натпревар

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европското првенство во ракомет, кое се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група, покрај домаќинот Данска, се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Влатко Митков

Влатко Митков

роден: 16.08.1981
тежина: 97
висина: 196
клуб: РК Бернбах
позиција: лев бек

Влатко Митков досега настапувал за РК „Пелистер“, РК „Вилштат“, РК „Вецлар“, РК „Хам“, а моментално е во Австрија каде го носи дресот на екипата на Бернбах. Тој досега има одиграно 71 натпревар за репрезентацијата на Македонија и има постигнато 63 гола.

mitkovМитков во разговор за Република вели дека треба пред се добро да се подготват за противниците како тактички така и физички и ќе одат да направат еден добар резултат на Европското првенство во Данска.

Најдобро за нас е да гледаме од натпревар за натпревар, така ќе биде најдобро. Имаме квалитет па да видиме што ќе се случи – изјави Влатко Митков.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на „Република ТВ“.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 goce-georgiev-520x264 vanco nikola-mitrevski-520x344 pribak-520x306 borko ace-jonovski-520x305 branko-angelovski

Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски,
Ванчо Димовски, Никола Митревски, Немања Прибак, Борко Ристовски, Аце Јоновски и Бранислав Ангеловски.

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top