| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Митков денеска се простува од репрезентацијата

Еден од најкорисните ракометари во нашата репрезентации повеќе од една деценија наназад, Влатко Митков вечерва против Чешка ќе го одигра последниот натпревар во дресот со државниот грб. Штипјанецот долго време е во групата на селекцијата и беше дел од сите големи успеси во „црвено-жолтиот“ дрес.

Митков максимално посветено настапуваше за својата репрезентација цел овој период. Десниот бек кој игра во Австрија, на последните натпревари селекторот Раул Гонзалез го користеше како десно крило и често како добар дефанзивец во одбраната.

Со заминувањето од репрезентацијата на Митков полека целосно заминува од дресот со државниот грб генерацијата која го оствари најголемиот успех во нашата историјата, петтото место на Европското првенство во Србија. Претходно од репрезентацијата се пензионираа Алушовски, Димовски, Темелков, Ангеловски, Наумче Мојсовски.

Да му посакаме со победа над Чешка и пласман на Европското првенство во Хрватска да се прости од македонската публика во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top