| четврток, 6 декември 2018 |

Деби на Бошко Ѓуровски на кормилото на Македонија против Летонија на 5 март

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, ќе дебитира на 5 март против Летонија во Скопје. Натпреварот има пријателски карактер и е прв во 2014 година, а ќе се игра на арената „Филип Втори“.

Натпреварот против Летонија ќе биде специјален за мене бидејќи ќе дебитирам на селекторската функција и чувството веќе е позитивно. Се надевам дека луѓето ќе дојдат и ќе нѐ поддржат. До мартовската пресметка со Летонија има доволно време, деталите околу изборот на фудбалери ќе ги соопштиме во наредниот период. Мислам дека ќе биде добар натпревар, Летонија e квалитетна селекција, нивното место на ранг-листата на ФИФА сметам дека не соодветствува со потенцијалот што го поседуваат“, е изјавата на Ѓуровски за веб-страницата на ФФМ.

Досега никогаш не сме се сретнале против Летонија, единствена од трите Балтички репрезентации со Литванија и Естонија, која не одиграла фудбалски меч против Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top