| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Магла на патот Прилеп – Крушево

magla na pat

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Прилеп – Крушево. Слаби врнежи од снег се бележат во Гостивар, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Буково, Плетвар и Железнец, а врнежи со среден интензитет се бележат во Охрид, Струга и Пресека, но не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Препорачуваме особено внимателно возење на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово, каде што се забележани почести одрони од вообичаеното. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември е на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе биде на сила до 15-ти март наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top