| четврток, 6 декември 2018 |

Живееме на прагот од нова ледена доба

Моментно живееме на крајот на периодот меѓу два периода на ледена доба и треба да се подготвиме за нова – вака предупредуваат јапонските научници.

Во иднина ќе стане толку студено, така што ледената покривка ќе се прошири речиси до денешните тропски предели, тврдат тие.

Јапонските научници, меѓу кои е и познатиот океанолог Мототака Накамура, нагласи дека на Земјата се регистрирани вкупно 15 периоди на ледена доба од по десет илјади години.

Тие на основа на долгогодишно следење на климата во светот, тврдат дека сме на самиот праг од нова ледена доба, а за тоа сведочат нарушените досегашни климатски услови во разни делови од планетата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top