Филмскиот фонд на Македонија на последната седница на Управниот одбор ја усвои Годишната програма за финансирање филмски проекти од национален интерес за 2014 година, во согласност со последниот распишан конкурс од страна на фондот, објави „Орбис“.
На последниот конкурс беа пријавени вкупно 78 филмски проекти, односно 28 долгометражни филмови (14 мнозински и 14 малцински филмски проекти), 20 документарни филмови (18 мнозински и 2 малцински филмски проекти), 28 кратки филмови и два анимирана филмови.Режисерите кои ќе добијат финансиска поддршка за своите филмови се Теона Митевска, Дарко Митревски, Александар Русјаков, Митко Панов, Горан Тренчовски, Даријан Пејовски итн.
Со влегување во сила на Законот за филмска дејност, Филмскиот фонд се трансформира во Агенција за филм на Македонија со што се прошируваат ингеренциите и активностите во филмската дејност вклучувајќи и грижа за дистрибуцијата на филмови, киноприкажувачката дејност, воведување единствена евиденција на податоци за филмската дејност, категоризација на филмови заради заштита на малолетни лица, продукциски олеснувања со цел поттикнување на вложување средства во нови филмови и др. Според новиот закон, Агенцијата за филм за финансирање на филмски проекти ќе распишува конкурс еднаш годишно, кој ќе трае во текот на целата година, а по конкурсот ќе одлучува двапати годишно во април и во октомври. Агенцијата за филм со новиот закон очекува да се зголеми бројот на продуцирани филмови, да се зголемат средствата што ќе се доделуваат, но вооедно и очекува филмаџиите да понудат многу нови свежи идеи интересни за пошироката публика како комедии, филмови за деца и млади, но и филмови инспирирани од нашето поблиско и подалечно историско минато, филмови кои ќе бидат интересни за домашната публика и атрактивни за меѓународните филмски фестивали. Од друга страна Агенцијата за филм ќе продолжи со вложување во развој на кино мрежата во Македонија каде во изминатиот период беа набавени дигитални проектори за 20 града. Интенцијата на Агенцијата за филм ќе биде филмовите да стигнат до што поширока публика низ целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Културата во фокусот на вниманието на јавноста во Македонија за измами, корупција, непотизам, конфликт на интереси
-
Јовановски: Срамно е вчера формирано друштво да добива повеќе од друштво кое што 70 години е на врвот на фолклорот во Македонија и светот
-
Реагира и УО на Македонска Филхармонија: Ќе испратиме приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност
-
Уште еден скандал во Годишната програма на Министерството за култура: За Институтот за духовно наследство на Албанците 150.000 денари, за Институтот за фолклор за проект за Власите 20.000 денари!