Поради настанатите состојби со одобрени пари за концерт на „Бернајс пропаганда“ и Македонската филхармонија, а кои воопшто не биле побарани со апликација ниту од групата ниту од Филхармонија, декеска со реакција се огласија членовите на Управниот одбор на Македонска филхармонија. Реакцијата ја објавуваме интегрално во продолжение.
Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година (официјално соопштена од ресорното министерство во саботата на 10.02.2018), Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески, денес (14.02.2018) одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура на Република Македонија за направените пропусти во одобрувањето средства за непостоечки проекти во програмата на институцијата.
Управен одбор на НУ Македонска филхармонија: Бранка Костиќ-Марковиќ – претседател, Фросина Балова – член, Лада Шоптрајанова-Петровска – член, Александар Стојчески – член
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан