Во Македонија доаѓаат богати туристки од целиот свет затоа што тука им се нуди романса со локални момчиња, пишува словенечкиот весник „Финанце“.
Според весникот, македонските момчиња на туристките им нудат сексуални услуги со што заработуваат за себе, но и за своите семејства.
По ваквиот секс-туризам, покрај Македонија, се познати и Италија, Грција, Шпанија, Турција и Хрватска.
Пред распадот на Југославија многу посакувани биле таканаречените „далматински галеби“, шармери кои преку лето биле постојано присутни на плажите и добивале скапи подароци во замена за сексуални услуги, пишува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.