| четврток, 6 декември 2018 |

Хендбол планет: Македонија ќе биде десетта на ЕП во Данска

Makedonija rakomet 112

Македонија ќе го заврши Европското првенство во Данска на десетта позиција. Земјата со најмногу инвестиции во ракометот има се поголем квалитет во националниот тим од година во година. Македонија ќе игра без првиот плејмејкер и еден од лидерите Наумче Мојсовски и тоа ќе биде голем проблем за тренерот Ивица Обрван. Ова е прогнозата на специјализираниот портал за ракомет „Хендбол планет“ кој предвидува дека првенството ќе го освои токму нашиот прв противник Данска, а во финалето ќе биде подобра од Хрватска.

– Нема сомневање дека фаворит за освојување на златото е домаќинот Данска. Бранителите на европската круна од последниот шампионат имаат голема мотивација пред домашната публика и сакаат да го испратат селекторот во пензија со уште едно злато, пишува Хендбол.

На третата и четвртата позиција, според порталот ќе бидат Франција и Шпанија, а од петто до осмо место ги рангира Унгарија, Србија, Шведска и Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top