Оваа фотографија која ни доаѓа од Америка најдобро може да ја прикаже „снежната криза“ која ја зафати американскиот континент во последниве десетина дена.
Покрај ужасно ниските температури поради кои досега починаа дваесетина лица претежно бездомници американците се соочија и со вакви глетки како во случајот во Чикаго каде што за една ноќ наврнал снег кој речиси целосно ја блокирал велзната врата во една куќа.
Благодарение на малиот простор во десниот агол кој не бил покриен од снегот жителите на куќата успеале да излезат надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


