Македонскиот ракометен вицешампион Металург потпиша двегодишен договор со хрватскиот играч Лука Циндриќ кој е најдобар стрелец во хрватската Премиер лига. Талентираниот 20-годишен бек од Карловац треба да биде соодветна замена за повредениот Наумче Мојсоски.
„Многу сум среќен и почестен што врвен ракометен стручњак како Лино Червар виде потенцијал во мене и ме повика да бидам дел од ракометното семејство Металург. Голема е одговорноста и очекувањата што ги имаат од мене, да играм на позицијата на која настапува еден од најдобрите балкански ракометари, Наумче Мојсовски. Ќе сторам се за да ја оправдам довербата и да бидам достојна замена за еден врвен играч“, изјави Лука Циндриќ за клупскиот сајт на Металург.
Циндриќ сезонава настапуваше за хрватскиот клуб Карловац и беше најдобар стрелец беше и асистент во хрватската Прва Лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.