Со денешната посета во Дневниот центар за згрижување на децата од улица, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја заврши големата хуманитарна акција која се спроведуваше еден месец. Преку акцијата, во голем број општини, УМС донираше работи на оние на кои им е најпотребно, а денеска ги израдуваа дечињата од улица со топла облека.
Дониравме на оние на кои им е најпотребно, посетивме многу семејства кои се социјално загрозени, а како Унија на млади сили и во иднина ќе продолжиме да се грижиме и да ги промовираме оние вистински вредности кои треба секој млад човек да ги промовира – истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
Нелоски најави дека се во тек и подготовките за еднодневна екскурзија за дечињата од Дневниот центар за згрижување, Домот „25 мај“ и интернатот „Гоце Делчев“ од Љубанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат