Рускиот репрезентативец Тимур Дибиров, се покажа како вистински професионалец, одличната форма ја пренесе, дури и ја надгради во екипата на РК Вардар. По седум натпреварувачки недели во ЛШ тој е прв стрелец на тимот и петти во Европа. Неговите потези се најдоа во речиси сите избори за најдобрите или најатрактивните моменти, а најголемите клубови му подзавидоа на Вардар што го има во своите редови. Во интервју за официјалната страна на РК „Вардар“ тој објасни што значи да се игра за црвено – црниот дрес.
Како се реши да дојдеш во Вардар, што беше пресудно за да те убеди?
– Да се премине во Вардар беше добро промислено. Многу добро знаев колку во Скопје се сака ракометот и каква армија навивачи има Вардар. За секој спортист претставува огромно задоволство да се игра со таква поддршка од трибините. Затоа посакав да бидам дел од Вардар!
РК Вардар води сериозен и амбициозен проект на долгорочни патеки. Кои се амбициите на РК Вардар за во иднина?
– За Вардар сериозно зборува цела Европа, како еден многу перспективен проект и јас сум сигурен дека целта која ја имаше поставена нашето раководство наскоро ќе биде постигната. А тоа е пласман во најдобрите 4 во Европа. Потребно е многу работа и трпение, и резултатот сам ќе дојде.
Како ти тече приватниот живот во Македонија. Лесно се навикна? Што ти недостига?
– Искрено да ви кажам мене многу ми се допаѓа Македонија. Не очекував дека така брзо ќе се адаптирам на животот тука. Едноставно се чуствувам како дома. Истото важи и за моето семејство. Ова е нашиот дом. Затоа нема што да ми недостига.
Најавите на играчите на стартот на секој меч сведочат дека ти си миленик на публиката. Како ти делува тоа, како го доживуваш ?
– Јас играм од се срце и само со една мисла, Вардар да победува секогаш. Секогаш давам се од себе на терен, и најверојатно публиката тоа го чуствува. Ние дишеме како еден организам и затоа се разбираме меѓу себе. Ги разбирам буквално секогаш, а и они мене. Тоа е најголема награда за мене и јас живеам со тоа.
– Ривалството со Металург за тебе е ново. Како го доживеа низ овие четири натпревари?
– Мислам дека треба да се радуваме поради тоа што во една држава, во еден град и во еден шампионат постои ваква конкуренција на двата клуба. Само поради ваква здрава конкуренција екипите почнуваат брзо да напредуваат. Погледнете како добро играат овие две екипи со други ревали. Они ги освојуваат победите една по друга и веке за Македонскиот ракомет зборуват со почит. Ние се победуваме едни со други, но најважно од се е колку високо котираат македонските клубови на меѓународнта сцена. Подобро ќе беше да играме во различни групи во Лигата на шампионите бидејќи оваа година одигравме премногу натпревари меѓу себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.