Шпанскиот ракометен стручњак Талант Душебаев ќе биде новиот тренер на полскиот клуб Кјелце. На официјалната веб-страница на клубот стои дека нов тренер на клубот е токму човекот кој беше поврзуван со РК Вардар. Душебаев ќе го замени Богдан Вента на кормилото на Кјелце, кој е еден од сериозните кандидати за годинашниот завршен турнир во Лига на шампиони. Вента е промовиран во нов менаџер на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.