Очекувано, Кирил Лазаров се најде во тимот од соништата од овие простори, поточно од поранешна Југославија, составен од ракометари што ќе играат на Европското првенство во Данска од 12 до 26 јануари. Изборот го направи специјализираниот портал за ракомет „Балкан хендбол“, а позицијата десен бек е резервирана за капитенот на македонската репрезентација.
Новинарите на „Балкан хендбол“ составија и втора постава во која има двајца Македонци, а едниот од нив, Наумче Мојсовски, за жал, нема да игра во Данска поради повреда. Со него во тимот Б на позицијата лево крило е Дејан Манасков.
Еве ги тимот од соништата и резервната варијанта ракометари што потекнуваат од овие простори за ЕП во Данска.
Идеална постава
Голман: Дарко Станиќ (Србија)
Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)
Лев бек: Момир Илиќ (Србија)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Десен бек: КИРИЛ ЛАЗАРОВ (МАКЕДОНИЈА)
Десно крило: Иван Чупиќ (Хрватска)
Пикер: Игор Вори (Хрватска)
Втор состав
Голман: Мирко Алиловиќ (Хрватска)
Лево крило: ДЕЈАН МАНАСКОВ (МАКЕДОНИЈА)
Лев бек: Блаженко Лацковиќ (Хрватска)
Среден бек: НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ (МАКЕДОНИЈА)
Десен бек: Марко Вујин (Србија)
Десно крило: Рајко Продановиќ (Србија)
Пикер: Младен Ракчевиќ (Црна Гора)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.