Основното јавното обвинителство во петокот поднесе обвинение за 12 осомничени во акцијата „Претседавач“ откако минатата недела завршила истрагата, потврдија од скопскиот Кривичен суд, пренесува „Плусинфо“.
Кривичниот совет во текот на истрагата им го продолжи притворот на 8-мината обвинети, меѓу кои и претседателот на советот на општина Центар, првообвинетиот Мирослав Шиповиќ. Меѓу обвинетите освен Шиповиќ се и неговиот брат, поранешни членови на Управниот одбор во Машинопромет, еден функционер од УЈП и сопственици на приватни фирми. За тројца обвинети беа определени превентивни мерки, а еден од обвинетите ќе се брани од слобода. Делата за кои се обвинети е злоупотреба на службена должност и овластување и помагање во извршување на првото дело, а треба да одговараат за проневера на 1,3 милиони евра во два наврати, во 2008 и во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДС нека го праша Шиповиќ од кого Жерносвки земал 200 000 евра за на локални избори
-
Експертите со став: Претседавачот на Собранието и ВМРО-ДПМНЕ постапуваат деловнички и според Уставот, поинаков избор на претседател е државен удар
-
Шиповиќ: Моето семејство нема да биде тема за политичко профитерство
-
Шиповиќ: Не ја злоупотребив службената положба