| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометниот свет не го заборава Маријан Козма

Пред точно 4 години на денешен ден ракометниот свет го загуби одличниот човек и играч, Маријан Козма. Романскиот репрезентативец и член на унгарски Веспрем, на 8. февруари 2009 година беше избоден до смрт во една дискотека.

Во истиот инцидент со потешки повреди минаа српскиот репрезентативец Жарко Шешум и талентираниот Хрват Иван Пешиќ, но за среќа останаа живи.

Група од 25-30 роми ги нападнаа тројцата ракометари на Веспрем, а тепачката беше со фатални последици за Козма.

Навивачите на Веспрем ги повикаа жителите на градот со запалени свеќи пред неговата статуа да му оддадат почит на нивниот миленик Козма, пред утрешниот дуел на унгарскиот клуб со Констанца, во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top