| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец претепал до смрт сограѓанин

Кавадарчанец е приведен во инцидент кој се случил пред неколку дена, кога претепал до смрт негов сограѓанин, млад наркозависник.

Од СВР Велес потврдуваат дека кавадаречката полиција има приведено лице во врска со тој настан и оти во моментов се работи со него.

– Во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци приведено е лице во врска со претепувањето и убиството од пред неколку дена. Приведеното лице е од Кавадарци и во моментов се работи со него – соопшти портпаролор на СВР Велес, Анита Стојковска.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top