| четврток, 6 декември 2018 |

Заедничка седница на владите на Албанија и Косово

rs-ks@alНа 11. јануари во Призрен ќе се одржи неколку пати одложуваната заедничка седница на владите на Албанија и на Косово.

На седницата, како што најави косовскиот премиер Хашим Тачи, ќе бидат донесени неколку значајни одлуки за продлабочување на соработката во  економијата   како и на полето на европската интеграција.

– Исто така, ќе одлучиме за моделот за формирање развоен фонд за Прешевската Долина. Нашата соработка во иднина ќе биде поструктуирана. Целиме кон наши заеднички цели и стратегии од витален  интерес, изјави Тачи.

Најавувајќи ја седницата за втората недела од јануари деновиве неговиот абански колега изјави дека од посебно значење е „издвојувањето фонд за Албанците во Прешевската Долина, што ќе значи реализација на ветувањето да им се излезе на помош на Албанците кои живеат таму“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top