На површина од 450м2, со обезбеден сопствен паркинг простор и лоциран во централното градско подрачје, со нови 20 работни места, се отвори првиот „Жито маркет“ во Гостивар. Со новиот објект, еден од најраспространетите ланци на маркети ја достигна бројката 32.
– Имаме развојна стратегија што ни налага внимателно и постепено ширење според потребите на граѓаните. Лоцираме каде има потреба од отворање на нови маркети и потоа носиме одлука за ширење. Овој прв маркет во Гостивар е само најава за многу новини поврзани со нашата компанија планирани за оваа година. Во новата година подготвуваме многу изненадувања за сите наши потрошувачи и ќе поставиме нови стандарди во работењето на маркетите – изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор.
Новиот објект беше свечено отворен во присуство на голем број граѓани на Гостивар, жители од околните населени места како и претставници на коминтентите и партнерите со кои компанијата соработува.
Првиот „Жито Маркет“ е отворен во 1988 година и се до денес располага со 32 супермаркет распространети низ целата држава, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино и Гостивар. Во сите маркети има преку 450 вработени. Овој малопродажен синџир благодарение на брзото проширување и вредностите на компанијата за услужливост и достапност, добитник е на многубројни признанија меѓу кои признанието за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


