| четврток, 6 декември 2018 |

Реал нудел 81 милиони евра за ангажман на Левандовски

Реал Мадрид ја загуби трката за ангажман на Роберт Левандовски, иако понудил огромна сума од 81 милиони евра за 6-годишен договор со полскиот репрезентативец. Шпицот на Борусија Дортмунд одлучи да го засили Баерн Минхен и покрај богатата понуда од кралскиот клуб.

Германскиот весник „Дер Шпигел“ ги објави деталите од кралската понуда на Флорентино Перез за Левандовски. Годишната плата на напаѓачот во Реал Мадрид требало да биде 9,5 милиони евра, плус одредени бонуси.

За завршување на трансферот бил задолжен британскиот адвокат Колин Помфорд, експерт за ваков вид на зделки, но работата ја „расипал“ претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес. Тој бил информиран дека Реал се готви да го ангажира Левандовски, па Баварците ја притиснале Борусија што поскоро да дозволи Левандовски да ја смени средината и да биде нов член на Баерн. Мисијата се покажа како успешна и Роберт завчера потпиша 5-годишен договор со европскиот и германски првак, а според „Дер Шпигел“ вкупниот трансфер тежи околу 90 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top