| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак го постигна првиот гол за македонската репрезентација

pribak

Немања Прибак, новиот македонски репреззентативец го даде својот прв гол за македонскиот состав. Во денешниот меч во спортската сала „Кале“, Србинот кој неодамна зема македонски пасош, се запиша на листата на стрелци во македонската ракометна репрезентација.

Прибак својот прв гол во црвено-жолтиот дрес го постигна во вториот дел од натпреварот, совладувајќи го српскиот голман, и голман на македонски „Металург“, Дарко Станиќ. Мечот Македонија-Србија е дел од подготовките пред европското првенство кое стартува за неколку дена.

Прибак во првиот дел од претстојното првенство во ракомет во Данска нема да има право на настап. Тој на нашите најдобри ракометари им се приклучува во втората фаза, секако доколку, Македонија успее да ја помине првата фаза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top