Бешикташ тргна со победа во новата сезона од Лигата на шампионите, а во главна улога за триумфот од 33-31 над тимот на Брага беше македонскиот репрезентативец Немања Прибак. Имено, токму ексракометарот на Вардар беше во главна улога, доминирајќи во текот на сите 60 минути и предводејќи го турскиот првак на патот до значајниот триумф.
Прибак го заврши натпревар со седум погодоци и само едно промашување во текот на целиот натпревар, со што беше втор стрелец на Бешикташ, зад Рамазан Доне кој постигна девет гола од дванаесет обиди. Воедно, македонскиот среден бек го постигна последниот гол на нешто повеќе од една минута до крајот, со што ја запечати победата на својот тим.
За очекување е Прибак и соиграчите да имаат многу потешка задача во второто коло, кога му гостуваат на фаворитот во Франција, Нант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.