| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед елиминиран од ФА купот

bony

bony 1

Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува. „Црвените ѓаволи“ денеска на Олд Трафорд загубија од Свонси со 1-2. Дејвид Мојес никако не може да ја пронајде формата на тимот од минатата година кога легендарниот Сер Алекс Фергусон се пензионираше.
Головите за Свонси ги постигнаа Ротлиџ во 12 минута и Волфред Бони во 90 минута од натпреварот. Стрелец на едниствениот гол за Манчестер беше Чичарито во 16 минута во првото полувреме. Клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на Фабио од редовите на Јунајтед во 80 минута. Фабио одигра само четири минути бидејќи во 76 минута влезе во играта на местото на Рио Фердинанд.
Манчестер Јунајтед може да му се реваншира на денешниот противник веќе следниот викенд кога го играат меѓусебниот дуел во рамките од 21 коло од „Премиер лигата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top