| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на „Република“: Испратете слики и покажете како го славите Бадник

„Република“ ги повикува сите читатели кои би сакале да споделат како го прославувааат Бадник, на следнава имејл адреса [email protected] да испратат краток текст и најмногу десет фотографии. Истите ќе бидат објавени на нашиот сајт со цел да се покаже разновидноста на обичаите и начинот на прославување на овој христијански празник.

Православните христијански верници го слават Бадник, денот пред големиот празник Божиќ. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари – прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.

На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на колено.

Македонците со голема почит ги одбележуваат овие големи празници, кога секој треба да го заборави лошото и да ѝ даде можност на добрината да ги усреќи луѓето. Дури и најнесреќните и најбедните треба да стават насмевка на своите лица. Барем за момент, секој треба да научи да простува и да го отвори своето срце за другите.

D0EAEAEF21B5C5409C01C2290DA9318F

Обичаите се разликуваат во зависност од местото, но речиси на секоја трпеза присуствува домашна погача, лепче или популарно нареченото кравајче, во кое се става паричка. Домаќинот на куќата откако ќе се прекрсти го разделува лепчето на членовите на семејството, но притоа остава едно парче за Бога и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде паричката ќе го прати здравје, среќа и успех во годината што претстои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top