| четврток, 6 декември 2018 |

Обама се врати од божиќниот одмор на Хаваи

Повеќе американски сенатори го повикаа претседателот Барак Обама, кој вчера се врати од 17-дневниот божикен одмор на Хаваите, да реагира по веста дека исламисти поврзани со Ал Каеда го преземале градот Фалуџа во западен Ирак.

– Иако Ирачаните се одговорни за оваа стратегиска катастрофа, и нашата администрација не може да избегне дел од вината. Кога претседателот Барак Обама ги повлече сите американски сили од Ирак, спротивно на мислењето на военото раководство и офицерите на теренот, многумина предвидувавме дека вакуумот ќе биде исполнет од страна на непријателите на Америка и тоа на штета на нашите национални интереси. За жал, тоа и се случи, изјавија сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греем во заедничка порака упатена до претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top