| четврток, 6 декември 2018 |

Душебајев ја скрши раката, нема да игра на ЕП и Вардар

Ракометарот на Вардар и Шпанија Алекс Душебајев на пријателскиот натпревар за својата земја против Бразил ја скрши дланката. По првите лекарски прегледи констатирано е скршеница на коска во дланката. Лекарскиот тим на шпанската репрезентација изјавуваат дека за ваква повреда играчот ќе мора да паузира од шест до осум недели.
Разочарувањето на Душебајев е големо бидејќи се надеваше на настап за својата земја на ЕП во Данска.

– По падот сакав да продолжам да играм и не верував дека повредата е голема. Веднаш почуствував голема болка и морав да го напуштам теренот. Разочарувањето е големо бидејќи имав огромна желба да настапам на ЕП – изјави Душебајев за шпанските медиуми.

Докторите во текот на утрешниот ден ќе направат дополнителни прегледи и ќе одлучат дали играчот ќе биде подложен на операција или заздравувањето ќе оди по природен пат, а раката ќе му биде во гипс.

– По направената магнетна резонанца констатирано е фактура во десната дланка. Раката е во гипс, но најдоцна утре ќе решиме дали играчот ќе оди на операција. Ваквите повреди најчесто заздравуваат од шест до осум недели – изјави лекарот на шпанскиот национален тим.

Ова е сериозен проблем и за РК Вардар. По завршувањето на ЕП играчите се враќаат во клубот и продолжуваат со настап во Лигата на шампионите. Еден од клучните натпревари за Вардар е на домашен терен каде ќе мора да го победи Динамо Минск на кој „црвено-црните“ немаат право на кикс ако сакаат да се пласираат во осминафиналето од ова натпреварување.
По повредата на Растворцев, Душебајев е втор играч кој многу значи за тимот, а ќе отсуствува од терените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top