Сообраќајот на сите патни правци во земјата се одвива тековно, а на некои места во повисоките планински и осојничави предели по влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има на патиштата во Крива Паланка, Страцин, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Кичево, Штип, Павлешенци и Кула, соопшти „Македонија пат“.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание се сугерира на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка: А снег вее на Шапка, Стража, Маврово и Крушево
-
Магла и остатоци од снег на дел од патиштата
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево


