Машката одбојкарска репрезентација на Македонија во вториот натпревар од квалификациите за СП го доживеа и вториот пораз од соодветната селекција на Португалија со 3-0 (25-14, 33-31, 25-21) во сетови.
Избраниците на Жарко Ристоски лошо го започнаа мечот и во првиот сет воопшто не личеа на самите себе од првиот натпревар против Србија.
Во вториот сет се покажаа во вистинско светло, но не успеаја да ги искористат шансите и да реализираат неколку сет топки за на крај да го загубат и вториот сет по долга борба. Демотивирани од загубениот втор сет нашите репрезентативци го загубија и третиот сет и остаа без никакви шанси во овие квалификации.
Утрешниот натпревар против Словенија ќе биде меч са престиж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



