| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете го новиот спот на Четкар, светска промоција на „Heavenly“

Познатиот гитарист Владимир Четкар го сними видеоспотот на Менхетн, Њујорк, во кој како гостин се појавува интернационалната суперѕвезда, францускиот диџеј-продуцент, Димитри Фром Париз, со кого Четкар соработува на новиот албум.

Видеоспотот беше завршен до крајот на ноември и од денска следува негова светска промоција, заедно со новиот албум на Четкар.

Интересот за новите материјали на Четкар е огромен и при крај се преговорите со неколку светски продуцентски куќи кои ќе го промовираат новиот албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top