„Викторија сикрет“, една од најпопуларните светски марки за долна облека, можно е да почне да произведува градници за жени кои го преживеале ракот на дојката. Американката Ален Мејден и нејзината мјка Деби Барет која преживела рак на дојка дошле во канцеларијата на „Викторија сикрет“ во Њујорк и донеле петиција за креирање на цела линија градници за жени кои боледуваат од рак на дојка.
Петицијата досега ја потпишале 118 илјади луѓе, а само еден ден откако Ален и Деби биле во канцеларијата во Њујорк, биле повикани од една од менаџерките на „Викторија сикрет“, која сериозно го сфатила нивниот предлог да се направи „градник за преживеани“. Ваков градник на жените на кои им се отстранети дојките поради болеста треба да им даде дополнителна самодоверба и впечаток дека се убави, како што биле и порано.
Ако сакате, и Вие можете да се потпишете на петицијата тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




