| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Албанците во Македонија се државотворен народ

ahmeti

Албанците во Македонија се државотворен народ, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Епока е Ре“.
Според Ахмети, последните години се променил статусот на Албанците благодарејќи на ангажманот на ДУИ во Владата.
Во интервјуто, тој додава дека и во 2014 година проектите за подобрување на животот на Албанците ќе продолжат и предупредува дека секое одлагање на зачленувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО може да донесе незадоволство кај Албанците.
– Единствената заедничка иднина на граѓаните на Македонија е интеграцијата на земјата во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ, без никакво одложување. Единствениот пат за стабилен мир, безбедност, здрави меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, економски развој и отворање нови работни места е интеграцијата на земјата во Брисел. Ова е заедничката стратешка определба и за да се оствари, ние правиме последователни напори, вклучувајќи ја и дипломатската кампања која ја презедовме и која беше во функција на повторно враќање на Македонија во фокусот на меѓународната заедница и верувам дека тоа се постигна – изјави Али Ахмети за „Епока е ре“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top