Засега неофицијални информации до кои дојде „Република“ велат дека администрацијата во Вашингтон сериозно размислува лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да биде тргнат од таканаречената американска црна листа. Тачи сѐ уште фигурира на последниот список на специјално одредени државјани или листа на блокирани лица, која ја уредува Федералната канцеларија за контрола на странски средства, но повеќе извори потврдуваат дека наскоро ќе може слободно да патува на американска територија, што досега не беше можно. тоа би значело дека по речиси 12 години на црната листа на непожелни странски државјани, тој наскоро ќе може да патува во Америка. Причините, според изворите на „Република“, се различни, од негово умерено и трезвено однесување во неколку кризни ситуации, па сѐ до обидот да се надмине дисбалансот што САД со години ѝ го прави на македонската политичка сцена. За разлика од него, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од листата беше тргнат уште пред седум години, на крајот на 2006 година, само неколку месеци откако на власт во земјава дојде коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДПА.
Доколку САД, навистина, го остварат тоа што го најавуваат повеќе независни извори, тоа ќе биде директен удар на Али Ахмети, кој сега меѓу Албанците важи за неприкосновениот американски играч во Македонија. Специјалистите за политички маркетинг на ДУИ овој факт постојано го користат на терен, при што на обичните проамерикански ориентирани гласачи постојано им повторуваат дека Вашингтон е против политиката на ДПА и затоа го држи Тачи на црната листа. Со бришењето на неговото име од листата, Тачи ќе добие ветар во грбот затоа што Ахмети веќе нема да може да презентира дека е единствениот сериозен политички партнер во албанскиот блок на САД во земјава.
Целиот текст прочитајте го на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.