| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак: Реална цел од 5. до 10. место

Немања Прибак

роден: 26.03.1984
тежина: 102
висина: 190
клуб: РК Вардар
позиција: среден бек

Прибак во неговата досегашна кариера настапувал за екипите на „Југопетрол Железничар“ (Србија), „Тримо Требње“ (Словенија), „Вардар ПРО“ (Македонија), „Колубара“ (Србија), „ХБЦ Нант“ (Франција), „Вардар ПРО“ (Македонија).

Средниот бек на РК „Вардар“ оваа година ќе го носи дресот на македонската ракометна репрезентација.

pribak
Прибак во разговорот за Република изјави дека му е големо задоволство и чест и дека е голема обврска да игра за македонската репрезентација. Голема обврска е како ќе се покаже бидејќи веќе има статус во клубот и во македонскиот ракомет како странец, а сега уште поголема обврска ќе му биде како репрезентативец.
– Сметам дека сме добро подготвени, во Пореч имавме феноменални услови за подготовки. Мислам дека оние работи што и се случија на македонската репрезентација ќе бидат голем хендикеп, јас нема да можам да играм во првата фаза, па така фондот на бекови е многу мал, но не смее да се бара некакво алиби, треба да се оди 100 проценти на секој натпревар и сметам дека имаме големи шанси да ја поминеме првата фаза – изјави Немања Прибак.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 goce-georgiev-520x264 vanco nikola-mitrevski-520x344
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип ЛазаровФилип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Ванчо Димовски и Никола Митревски.

Разговараше: Владо Оцевски


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top