Двајцата доктори-специјалисти од Клиниката за уво, нос и грло, кои минатата недела беа уапсени за примање мито, Новата година ја дочекале дома бидејќи Основниот суд Скопје 1 им определил куќен притвор.
Судот соопшти дека преку судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки на претпазливост према обвинетите Ј.Н и Н.П, за кривично дело примање поткуп од чл. 357 ст. 6 вв ст. 2 од КЗ, на 24.12.2013 година донесе решение со кое го прифати предлогот и на обвинетите им ги определи следните мерки: забрана за напуштање на живеалиштето; обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице во судот и забрана за преземање определени работни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.