Александар Јаневски Тошта излегува од затворот во „Шутка“ дознава „Tелма“. Кривичниот совет на Основниот суд скопје еден му ја укинал мерката притвор и му определиле куќен притвор. Според извори на „Телма“, Обвинителството побарало да му се замeни мерката со куќен притвор за што е приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно уште денеска Јаневски да биде го напушти затворот.
Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во градската болница „8 септември“. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.
На судењето обвинителот направи измени на обвинението, но за Тошта остана истото кривично дело: убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевски определи насилство што е полесно кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.