| четврток, 6 декември 2018 |

Дојче веле: „Втора офанзива во Хаг или политика на помирување“

мацедониаМакедонија не може да очекува напредок во евроатлантскиот интеграциски процес за време на грчкото претседателство со ЕУ, во чија агенда проширувањето не е меѓу приоритетите, анализира Дојче веле, пренесувајќи ставови на вајца поранешни македонски амбасадори.

Во анализата насловена „Втора офанзива во Хаг или политика на помирување“, Денко Малески посочува две опции. Едната, како што вели, е добра за политичарите, а втората за двата народа.

– Опцијата, која е добра за политичарите, е да продолжи конфронтацијата, како испробан рецепт за опстанок на власт или за добивање нови избори.

За втората опција, Малески вели дека е потребно двете страни да се соочат со овој замрзнат конфликт – замрзнат не пред дваесет, туку уште од времето на Втората светска војна и на Граѓанската војна во Грција, да го урнат ѕидот на недоверба и непријателство и да отворат нова, европска, страница на доверба и пријателство меѓу Македонците и Грците.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека во вакви услови топката е на македонска страна, која е на потег со нова офанзива да почне нова стратегија. Тоа претпоставува нова постапка пред судот во Хаг, со нова пресуда за блокирањето во ЕУ.

– Неспорно е дека таа пресуда е страшен товар за сите во Брисел и Вашингтон бидејќи нејзиното непочитување значи негирање на меѓународниот правен поредок. Со нова пресуда, која апсолутно ќе биде во наша корист, тој товар ќе се удвои и ќе ги ставиме пред свршен чин дека повеќе не може така да работат, а истовремено нашата позиција ќе зајакне. Исто така сметам дека, како што предложи претседателот Иванов, треба да се бара преку системот на ОН почитување на пресудата од Хаг и иницијатива преку генералниот секретар на ОН проблемот да се врати во Советот за безбедност, бидејќи медијацијата на Метју Нимиц по 20 години се покажа како потрошена и неуспешна. Подобро да се почне од почеток бидејќи е неспорно дека фактите се на наша страна – смета Никовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top